Американскиот претседател Доналд Трамп по првата фаза од годинешниот систематски преглед синоќа објави дека неговото здравје е „многу добро“.
– Се е многу добро (одлично!). Ќе го завршам прегледот следната година, напиша Трамп на Твитер по прегледот во Националниот воено медицнски центар „Волтер Риџ“ во Вашингтон.
Трамп се сретнал и со лекарите од болницата и им се заблагодари за грижата за американските војници, како и со членовите на семејствата на повредените припадници на специјалните сили повредени во Авганистан.
Познато е дека американскиот претседател не се воздржува од хамбургерите и оти не сака да вежба, па во 2017 година доби на тежина.