Претседателскиот кандидат од Републиканската партија Доналд Трамп, го одби предлогот за нова телевизиска дебата со својата противничка од Демократската партија Камала Херис.
Проблемот со уште една дебата е во тоа што е едноставно, предоцна. Гласањето веќе почна, изјави поранешниот претседател на предизборниот митинг во Северна Каролина.
Херис претходно изјави дека е подготвена повторно да му се спротистави на Трамп на сцената и го прифати повикот на Си Ен Ен за дебата на 23 септември.