Трамп повторно со шокантна изјава: Не требаше да ја напиштам Белата куќа по изборите во 2020

„Денот кога заминав ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја. Не требаше да заминам…“, рече меѓу другото Трамп за време на митингот во Литиц, Пенсилванија, пренесе Си-Ен-Ен.

Трамп одлучи денеска да ја посети уште еднаш Пенсилванија, два дена пред претседателските избори во САД, бидејќи тоа е многу важно.

Тешко е да се освои Белата куќа без Пенсилванија, која има најмногу електорски гласови од сите неопределени држави, потсетува Си-Ен-Ен.

Пенсилванија, со 19 електорски гласови, е една од најпосетуваните држави од претседателските кандидати. Тоа беше една од последните држави што ги објави резултатите од гласањето во 2020 година, четири дена по изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи: