Алиша Кис го прослави 41-от роденден, а со описот на фотографијата која ја објави по тој повод, ги воодушевила своите фанови.
„Роденден ми е! Толку многу сум благодарна што сум жива! Ѝ благодарам на секоја личност што синоќа ме изненади, правејќи заговор со мојот маестралнен изненадувач.
View this post on Instagram
Толку многу ме изненадивте! Испраќам голема љубов за секоја роденденска желба и молитва и целата прекрасна енергија која ми ја испративте досега! Чувствувам сè! Вчера цел ден немав поим што се случува или што следува. Сега навистина не знам што да очекувам! Знам едно, ја славам секоја секунда, бидејќи животот е скапоцен за да губиме време. Ве обожавам“, напишала пејачката во описот на фотографијата, на која пред неколку дена ѝ излезе седмиот студиски албум.
Иако во својата успешна кариера освоила 15 Греми награда и е горда мајка на две деца, која досега продала 35 милиони албуми и 30 милиони синглови, оваа роденденска порака многумина ги потсетила на нејзиниот тежок животен пат.
View this post on Instagram
„Јас сум личност што не требаше да успее. Требаше да завршам како проститутка, млада мајка на 16 години или зависничка од дрога. Јас сум токму онаа која требаше да биде на погрешно место во погрешно место“, рекла пејачката во едно од интервјуата кои ги дала во својата богата кариера.
Исто така, признала дека музичката кариера ја спасила од пеколот со дрога, проституција и лош живот. Пораснала во њујоршкиот кварт Hell’s Kitchen, кој во тоа време имал најмногу проституција во градот. Таа тврди дека уште од мала била сведок на тажни човечки приказни.
На сцената се пробила во 2001-ва година, со синглот „Fallin“ и често истакнувала дека никогаш не заборава од каде дошла.