Тренерот на Челси објасни зошто Обамејанг не е на списокот за настап во ЛШ!

Екипата на Челси и покрај многуте скапи засилувања, особено зимава, синоќа одново одигра разочарувачко реми против Фулам (0-0), меч во кој Пјер Емерик Обамејанг не беше ниту меѓу резервите.

Но, поголем удар за напаѓачот кој минатото лето пристигна во Лондон од таборот на Барселона е фактот што не се најде меѓу пријавените фудбалери кои ќе може да настапат во продолжение од Лигата на шампионите.

Тренерот Грем Потер вели дека репрезентативецот на Габон не направил ништо погрешно, туку само немал среќа бидејќи на располагање има многу фудбалери, па некој морал да отпадне.

Пронајдете не на следниве мрежи: