Трикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолго

Најубавиот тен се добива природно – на сонце. Но, изложувањето на сонце, поради многуте лоши здравствени последици, треба да биде ограничено и да се искористи мудро. Важно е да бидете целосно заштитени кога сте на сонце, а за да го задржите потемниот тен подолго време, прочитајте ги советите во продолжение.
Трикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолго
Избегнувајте топла вода
Топлата вода ја суши кожата, па затоа треба да се капете со млака вода и да користите хидратантен гел за туширање со растителни масла и други хранливи состојки, а да ги избегнувате оние што содржат хемикалии што ја сушат кожата, како што е натриум лаурил сулфат.
Хидратација
Хидрирајте ја кожата – колку повеќе, толку подобро затоа што кога кожата ќе се исуши, почнува да се лупи на површината. Користете хидратантни кремови за лице и лосиони за тело наменети за кожата по сончање, а избегнувајте препарати на база на краставици, лимони и млеко бидејќи може да ја избелат кожата. Покрај хидратацијата однадвор, телото треба да се хидрира и однатре.
Правете пилинг
Спротивно на популарното верување, пилингот нема да ја изгреби вашата тешко стекната боја. Напротив, потребен ви е пилинг бидејќи насобраните мртви клетки може да направат кожата да изгледа неубаво. Сепак, потребно е внимателно да се избере производ со кој кожата ќе сјае. Избегнувајте пилинг со гликолна и салицилна киселина бидејќи тие може да го избледат тенот. Истото важи за кремовите за депилација, жилетите и восокот, бидејќи сите овие методи за отстранување на влакна го отстрануваат и површинскиот слој на кожата. Најидеално би било да користите пинцета или епилатор за отстранување на влакната.
Внимавајте што јадете
Бета-каротенот ја подготвува кожата за сончање, но исто така помага да се задржи бронзената боја колку што е можно подолго. Затоа, посегнете по додатоци што содржат бета-каротин или вклучете колку што е можно повеќе храна што го содржи овој корисен растителен пигмент, како што се моркови, кајсии, манго, сладок компир, папаја и спанаќ.
Нагласете го тенот
Кога ставате шминка, користете бронзер и нанесете го со кружни движења во пределот на лицето. Лакирајте ги ноктите со корални или тиркизно сини нијанси и облечете бела облека што создава илузија на потемна кожа.
Останете на сонце
Повременото сончање по враќањето од одмор може многу да ви ја продолжи бојата. Но, дури и тогаш, не заборавајте за заштитата од УВ-зраците!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.