Една мајка по име Меридит Алстон забележала дека бобинките кои таа ги купува многу побрзо скапуваат за разлика од оние кои ги купува нејзиниот сопруг. Всушност, овошјето кој тој го купувал ја задржувало свежината подолго време.
За да укаже на непотребно трошење пари и фрлање на храна, Меридит го споделила трикот со кој се користи нејзиниот сопруг. Како што вели во видеото објавено на ТикТок, кога тој ќе купи бобинки, тие подолго траат и имаат подобар вкус за разлика од тие што таа ги купува.
Трикот е да ја свртите пластичната кутија во која се продаваат малините, капините или јагодите наопаку. Ако овошјето не се залепи на дното на садот, тогаш тоа е свежо и подготвено за купување. Во спротивно, ако се залепи на дното, значи дека има доста влага и мувла во него.
Останатите луѓе во коментари ги споделиле и своите трикови за купување свежо овошје и многумина се сложиле дека со помош на овој трик може да се види дали има влага и мувла во садот. Исто така, некои имаат обичај и да го помирисаат овошјето и врз основа на мирисот да заклучат дали е свежо.
Уште еден од триковите како да ја задржите свежината на јагодите е да ги измиете, да ги исушите и да го отсечете зелениот дел. Така подолго ќе траат.