Трик како да се изборите со пајаците во вашиот дом

Без разлика колку чистите и уредувате во вашиот дом, пајаците секогаш ќе најдат начин да влезат, и да го окупираат најмирното место каде што ќе постават и пајажина. За среќа, постои природен и безболен начин да се решите од нив еднаш засекогаш, без да мора да ги бркате низ домот или пак, да ги убивате.
Пајаците, како и поголемиот број инсекти, не го поднесуваат мирисот на нане. Оваа билка има силен ароматичен мирис што луѓето го обожаваат, но за пајаците е едноставно ужасен. Сè што треба да направите е да посадите нане во неколку мали тегличиња и да ги сместите во аглите каде што најчесто ги наоѓате пајаците и тие самите ќе си заминат.
Ако не сте љубители на растенија во домот, тогаш можете да го пробате и следниов рецепт.


Потребни состојки:
350 милилитри вода
120 милилитри алкохолен оцет
20 капки етерично масло од нане
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во боца со распрскувач и добро протресете. Испрскајте ги сите области зад мебелот, зад кујнските елементи, мијалникот, ќошевите во тоалетот и сите места каде што некогаш сте забележале пајаци. Овој рецепт нема да ги убие, но ќе ги држи подалеку од вашиот личен простор. Повторувајте го процесот повремено за да не им дозволите да се вратат.
Дополнителен совет: Наместо маслото од нане можете да користите и етерично масло од еукалиптус. Ефектот ќе биде ист, но со нането ќе добиете многу попријатна миризба во домот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.