Трик на искусните домаќинки: Зошто ставаат козметички памук во правосмукалката?

Сите правосмукалки имаат една заедничка карактеристика: со текот на времето и употребата ослободуваат многу непријатен мирис кој се шири низ домот.

И покрај честото менување на филтерот, тешко е да се ослободите од овој непријатен мирис, но ако ги испробате овие неверојатни методи кои ќе ви заштедат време и пари на индустриски освежувачи на воздух, нема да зажалите.

Како да ја одржувате правосмукалката чиста и свежа?

Тоа е речиси невозможна мисија: честичките од нечистотија и прашина се акумулираат со неверојатна брзина во правосмукалката, во цевките и во моторот. Значи, ако не чистите често, нормално е дека ќе се шири непријатна миризба и вашиот уред ќе биде во лоша состојба по некое време. Бидете сигурни дека можете повторно да го исчистите со овие методи за да го одржите чист и функционален каков што бил првиот ден.

Прв совет: Откако темелно ќе го испразните и исчистите садот или кесата за прав, можете да ставите една или две памучни вати натопени во есенцијално масло со мирис по ваш избор. Вашиот дом за кратко време ќе биде освежен.

Уште еден совет како правосмукалката да биде свежа: додадете лажица сода бикарбона во кесичката. Ако правосмукалката нема кеса, посипете доволно сода бикарбона директно на подот и потоа поминете го со правосмукалката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.