Во катлановско Блаце денеска ќе се одбележат 13 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на спомен обележјето цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во состав од заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ. Цвеќе ќе положат и претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, Прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Во хеликоптерската несреќа животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски