“Тричковски го нема а? А, да го донесеме со комбе следниот пат?“, на шега прокоментира судијата

Loading...

Денес во Кривичниот суд се одложи рочиштето “Бранко Тричковски против Тони Михајловски“ – актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во судницата дојдоа само обвинетиот Михајловски и неговиот адвокат, додека Тричковски не се појави, па судијата на шега прокоментира:“Тричковски го нема а? А да го донесеме со комбе следниот пат?“. Рочиштето е одложено за 16 април.
Михајловски пред судот се изјасни за невин и додаде дека погрешно е протолкуван неговиот Фејсбук статус.
-Не сум имал никаква намера и немам никакво криминално досие, изјави тој.
Јавното обвинителство поднесе обвинителен предлог против Тони Михајловски за сторено кривично дело загрозување на сигурноста (член 144 став 4 од Кривичниот законик), поради закана за убиство на новинарот Бранко Тричковски објавена на социјалната мрежа Фејсбук. За ова дело е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна.
Тони Михајловски на својот Фејсбук профил на 16 јуни 2017 напиша: “Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми Боже“.

 

loading...