Министерство за Здравство побара да се почитуваат и следат три правила или препораки во следниот период. Враќање на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно. За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие 3 правила:
1. Често миење и дезинфицирање раце
2. Одржување најмалку 2 метра растојание
3. Носење заштитна опрема (маска, марама, шал)
Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола. #ЗаштитиСе
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.