Околу три илјади палестински затвореник во Израел, се решија во неделата на еднодневен штрајк со глад во знак на протест поради смртта во затвор на еден Палестинец во саботата.„Околу три илјади затвореници најавија дека ќе ја отфрлат храната“, изјави портпаролот на управата на израелските казнени институции Сиван Вејцман, истакнувајќи дека станува збор „исклучиво за трите оброка во недела“, пренесува AFP.„Внимание, можен бунт“, пишува дневниот весник Izrael Hayom, кој се смета за близок на власта на премиерот Бенјамин Нетанјаху, споменувајќи ги „тензиите во безбедносните служби кои стравуваат од безредија и судири по смртта на палестинскиот затвореник“.„Целите на безбедносниот апарат, затворските служби особено, во недела се во состојба на зголемена подготвеност“, пишува весникот Maariv во своето издание од неделата.Младиот 30-годишен Палестинец, Арафат Џадарат, почина во саботата во затвор поради „слабост“, според израелските тајни служби ко го испрашувале. Палестинскиот премиер Салам Фаџад ја изрази својата загриженост од овој случај и побара итна истрага и утврдување на „вистинските причини“ за смртта на затвореникот.
МакфаксОколу три илјади палестински затвореник во Израел, се решија во неделата на еднодневен штрајк со глад во знак на