Три сестри го убија својот татко: Им се заканува затвор, а јавноста ги оправдува за стореното, дознајте што преживеале со него

Руски тинејџерки, 19-годишната Кристина, 18-годишната Ангелина и 17-годишната Марија Качатуријан минатиот јули го признале убиството на нивниот 57-годишен татко, а една година подоцна случајот и понатаму привлекува внимание во јавноста.
Судијата ги прошири претресните ограничувања за сестрите, а им се закануваат околу 20 години затвор.
Изминатиот период го поминале во притвор, односно домашен притвор.
Да потсетиме, сестрите го убиле таткото затоа што со години, како што тврдат, сексуално, физички и психички ги малтретирал.
Поради контроверзниот закон кој значителни ги ублажува законите за злоставуваните во семејството, случајот ги подели мислњата.
Документ, чија скратена верзија е објавена на Фејсбук страницата на адвокатот на Ангелина, Алексеј Паршина, наведува дека девојките редовно биле изложени на сексуално малтретирање и понижување од страна на татко им.

На денот на убиството Михаил Качатуријан во повеќе наврати ги понижувал своите ќерки, додека во еден момент најстарата ќерка Кристина не ја испрскал со бибер-спреј во лице, после што изгубила свест.
Судењето на девојките медиумите будно го следеле, па се покренала дискусија за пристапот на друштвото кон семејното насилство после воведувањето на законот во 2017 година со кој се декриминализира поголем облик на насилство.
„Секогаш ги тепаше. Еднаш ги однесе во шума и им се закануваше дека ќе ги убие. Мајка им избега поради малтретирањето. Качатуријан беше поврзан со подземјето, беше како мафијашки бос“, рекла семејна пријателка.
Таткото конзумирал дрога, а со своите ќерки организирал скандалозни активности. Се знаело дека никаде не работел, но дека семејството многу добро живеело.
Ќерките не ги пуштал да излегуваат, дури ни на училиште, се однесувал како тиранин. Им се заканувал и редовно ги тепал, а во една прилика едната ќерка морала да изеде влакна од куче од подот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.