Три техники кои можат да ви помогнат кога имате застрашувачки панични напади

Чувството кое предизвикува напад на паника е тешко да му се опише на некој кој никогаш не го доживеал, а уште потешко е тој да се снајде и да ѝ помогне на личноста која го преживува.
Во ваков случај можете да забележите дека личноста се тресе, нејзиното срце чука побрзо, се поти, мускулите ѝ се грчат, чувствува мачнина и вртоглавица, повраќа и чувствува вкочанетост во рацете и нозете. Лицето кое има паничен напад во тој момент губи допир со реалноста.
Иако епизодите на нападот обично проаѓаат во рок од 20 минути, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да си помогнете себеси или на лицето кое поминува низ тежок момент. Овие три техники ќе ви бидат од корист:


Пробајте дишење од дијафрагма
Нападот на паника ве “фрла” во психолошки стрес бидејќи телото мисли дека ви треба заштита. Една од најважните техники е длабокото дишење од дијафрагма. Во текот на паничните напади, телото хипервентилира, а здивот се скратува – ова испраќа сигнал до мозокот дека сте под стрес, а дишењето од дијафрагма дека сте добро и дека треба да се опуштите.
Преобликувајте ги мислите
Кога доживувате паничен напад, пробајте да мислите сосема поинаку. Треба да ги отстраните мислите кои ве плашат и да се фокусирате само на позитивните работи. Потсетете се дека тој напад не трае долго и дека ќе пројде.
Немојте да избегнувате некои места и ситуации
Лицата кои патат од панични напади имаат тенденција да избегнуваат места, луѓе или работи кои ги поврзуваат со нападите. Доколку сте имале паничен напад во некој ресторан, не престанувајте да одите во тој ресторан. Доколку нападот се случил во текот на возењето автомобил, не се откажувајте од тоа. Со избегнувањето нема да изградите самодоверба и сила да се спротивставите на таквото чувство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.