Трогателни фотографии од мачка спасена по земјотресот

Хуманост и во најтешките моменти. Трогателни фотографии од мачка која беше спасена по страшниот земјотрес во Турција станаа вирални.

Имено, мачката е снимена откако луѓето ја извлекле од урнатините во Амед, кој се наоѓа на северот на Курдистан. Во очите на ова беспомошно и исплашено животно може да се види благодарност кон спасувачите.
Овие фотографии докажуваат дека има луѓе кои размислуваат за животните во најтешките моменти.

Трогателни фотографии од мачка спасена по земјотресот

Потсетуваме дека рано утринава катастрофален земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Југоисточна Турција (регионот Газијантеп) и Северна Сирија.
Потоа следуваа повеќе од 50 земјотреси. Бројот на жртвите се зголемува од минута во минута и веќе надмина 2.000. Денеска околу пладне (по турско време) турско-сириската граница ја потресе нов силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.