Во ноќта меѓу саботата и неделата најмалку три лица се ранети од огнено оружје во Ѓаковица, а портпаролот на полицијата Шеремет Ељезај изјави дека на повредените им била укажана лекарска помош и дека нивната состојба е стабилна, пренесува Коха.
Престрелката се случила во кафеаната десетина минути по полноќ, а три лица се здобиле со повреди, за кои постои сомневање дека биле предизвикани од огнено оружје.
Полицијата веднаш реагирала на случајот и на настраданите им била укажана лекарска помош, според првите информации нивната здравствена состојба е стабилна“, изјави Ељезај.
Тој додаде дека се спроведуваат потребните истражни постапки за расветлување на случајот.
Полицијата соопшти дека во консултација со државен обвинител е оформен случај за „убиство во обид“ и „неовластено поседување, контрола или држење оружје“.