Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател, бара Иран, Северна Кореја и Белорусија да бидат повикани на одговорност за нивната вмешаност во војната во Украина.
„Иран (дронови/ракети), Северна Кореја (муниција/оружје), Белорусија (инфраструктура/територија/опрема). Тоа се де факто и законски потврдени сојузници во агресивна војна, масовните убиства на цивили и намерното уништување на украинските градови. Тоа ќе биде дел од заедничката одговорност“, напиша Подољак на Твитер,
Северна Кореја, Иран и Белорусија
Да потсетиме, САД ја обвинија Северна Кореја дека испорачува оружје на приватната руска платеничка компанија Вагнер Груп. Украина претходно го обвини Иран дека и испорачува на Русија илјадници беспилотни летала кои беа користени во смртоносните напади врз градови како Киев и Запорожје.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно му дозволи на Кремљ да испрати десетици илјади руски војници во Украина од територијата на неговата земја. Белорусија досега не беше директно вклучена во конфликтот во Украина, односно не ја испрати својата војска на фронтот.