„Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени“, досегашниот потпретседал на СДСМ
Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци.
Ова вечерва на неговиот фејсбук-профил го напиша Фатмир Битиќи, кој вечерта на 8 мај даде оставка од потпретседателската функција во СДСМ, повикувајќи се на објавите на дел од медиумите, кои соопштија дека тој сега преминува во коалицијата „Вреди“.
Битиќи, кој е и вицепремиер за економски прашања во владата во заминување, а беше и коносител на кандидатската листа во Изборната единица 2 ги повика медиумите да не шпекулираат и да не објавуваат вести во кои, како што рече, „неофицијално дознаваат“.
Воедно ги повика и политичките субјекти да не се повикуваат на таквите објави на дел од медиумите.
„Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени“,
рече тој.
На крајот од објавата Бетиќи напиша: „Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!“.
Во објавата кога соопшти дека дава оставка од функцијата поптретседател на СДСМ, Битиќи вели дека оставката не претставува политички чин на загуба на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување на СДСМ.
Според Битиќи, прифаќањето на политичката одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност за промена и растење – и да се даде приоритет на колективниот интерес.
„Повторно да се вратиме меѓу граѓаните, да го слушаме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби кои се нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин можеме да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергии кои можат да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ, за да се вратиме високо во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и ние сме должни да го исполниме тоа“,
додава Битиќи во објавата.