ТУПАНИЦА ВО ГЛАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ ЈАНИС ВАРУФАКИС: Маскирани напаѓачи го соборија и клоцаа пред ресторан

Група маскирани странци пред ресторан во анархичен кварт на грчката престолнина Атина го нападнаа и претепаа поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот вечерта. Му била укажана лекарска помош во болница, каде било откриено дека има скршеница на носот.

ТУПАНИЦА ВО ГЛАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРЧКИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ ЈАНИС ВАРУФАКИС: Маскирани напаѓачи го соборија и клоцаа пред ресторан

Пратеникот од левичарската опозиција најпрвин беше навредуван од група од дваесетина луѓе надвор од ресторанот каде што вечерал со приврзаниците на неговата партија Мерка 25. Јанис Варуфакис потоа отишол до влезот на ресторанот да разговара со нив, но бил нападнат од неколку маскирани лица кои го фрлиле на земја, го удирале со клоци и тупаници по лицето.

По нападот, Варуфакис бил пренесен во болница, каде му била констатирана скршеница на носот.

Варуфакис на Твитер изрази благодарност за солидарноста што ја доби по нападот. Но, тој ги негираше информациите дека напаѓачите биле автономисти, анархисти или левичари. Според него, тие претходно биле ангажирани насилници кои го обвинувале дека ја продавал Грција на странски земји за време на должничката криза во 2015 година, кога тој беше министер за финансии.

Неговата партија го нарече нападот „дрзок фашистички напад од провокативни насилници“. Владиниот портпарол Јанис Економо го осуди инцидентот и увери дека полицијата ќе направи се за да ги изведе одговорните пред лицето на правдата.

Квартот Егзархија, каде што беше нападнат Варуфакис, е познат како седиште на анархистичките движења во главниот град. Тој веќе беше жртва на сличен напад пред истиот ресторан во 2015 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.