Турските студенти се мобилизираа во Скопје – собираат помош за преживеаните од земјотресот

По веста за земјотресот, студенти од Турција кои студираат во Скопје решија да придонесат со помош.

Студентите поставија шатор на плоштадот Македонија, каде што собираат материјална помош за преживеаните од земјотресот.

Турските студенти се мобилизираа во Скопје – собираат помош за преживеаните од земјотресот

Како што велат, граѓаните можат да донираат облека, вода или храна кои потоа ќе ги испратат во Турција.И град Скопје ќе оддржи вонредна седница за помош на настраданите во Турција.
„Овде сме за да помогнеме за земјотресот бидејќи тие страдаат и има и многу жртви. Ние се обидуваме да им помогнеме, чекаме помош од вас, било каква помош, облека или вода, било што за да им помогнете. Чекаме помош од вас“, вели студентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.