Турција брзо се вооружува: Успешно е тестирана првата хиперсонична ракета воздух-земја

Турција успешно ја тестираше првата домашна хиперсонична ракета воздух-земја од беспилотното летало Бајрактар ​​Акинџи, соопшти компанијата Бајкар, која произведува борбени беспилотни летала.

„Првата турска хиперсонична ракета ТRG-230-IHA, произведена од Рокетсан, успешно ја погоди целта на растојание од 100 километри“, објави на Твитер техничкиот директор на компанијата Селџук Бајрактар.

Како што се наведува, ракетата била истрелана од дрон кој лебди на височина од 7,62 километри.

Според производителот, дострелот на ракетата варира помеѓу 20 и 150 километри.

Рокетсан ја конструираше и првата турска балистичка ракета, која беше успешно тестирана во октомври 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.