Турција прогласи седумдневна жалост за жртвите во земјотресите






Турција прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата наша земја и во претставништвата во странство“, напиша Ердоган на Твитер.

Во земјотресите со јачина од 7.8 и 7.5 степени според Рихтеровата скала што денеска погодија големи делови од Турција и Сирија, во Турција загинаа најмалку 1.762 луѓе, а повеќе од 8.500 се повредени.

Извор: МИА

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: