Турската крајбрежна стража спроведе повеќе спасувачки операции во Егејското Море каде спаси 134 нерегуларни мигранти истуркани кон турските води од страна на грчките власти.
Турската крајбрежна стража спаси 134 нерегуларни мигранти истуркани во турските територијални води од страна на Грција, а дополнително се фатени 69 мигранти во обид илегално да преминат.
Командата на турската крајбрежна стража во понеделникот соопшти дека спасувачките операции биле извршени во близина на турските брегови околу Мугла и Измир во Егејското Море.
Во областа Бодрум во Мугла, турската крајбрежна стража фати 32 странски државјани кои се обидувале илегално да преминат со гумени чамци и спасиле 16 нерегуларни мигранти кои грчките единици ги истуркаа во турските територијални води.
Петмина нерегуларни мигранти во гумен чамец, кои грчките власти ги истуркаа во турските територијални води, беа спасени и во областа Датча во Мугла.
Во меѓувреме, 113 нерегуларни мигранти кои грчките власти илегално ги истуркаа назад во турските територијални води, беа спасени, а 37 беа фатени кај западната провинција Измир.Сите мигранти се однесени во провинциските канцеларии за миграција.
Незаконски истуркувања од Грција
Туркије е клучна транзитна точка за барателите на азил кои се обидуваат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.
Групите за човекови права и медиумите често известуваа за незаконските истуркувања и други прекршувања на човековите права од страна на грчките власти.
Анкара и глобалните групи за права во неколку наврати ја осудија нелегалната практика на Грција да ги истурка барателите на азил, велејќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозување на животите на ранливите мигранти, вклучително и жени и деца.
AA