ТУРЦИЈА: Уапсени се над 400 лица за ширење лажни вести за коронавирусот
Турција уапси над 400 лица во последните 42 дена за споделување „неосновани и провокативни“ содржини на социјалните мрежи поврзани со коронавирусот, според Министерството за внатрешни работи.
60 милиони работни места во Европа се под знак прашалник: Ова се најризичните професии!
Во објавата на Твитер на 27 април, Министерството соопшти дека 402 осомничени, од вкупно 855 идентификувани, се веќе притворени. Проверени се вкупно 6.362 сметки на социјалните мрежи, кои објавувале „неоснована и провокативна“ содржина, додаде Министерството.
На 11 март, Турција беше последната голема економија која го пријави својот прв случај на коронавирусот. Турција досега затвори училишта, кафулиња и барови, забрани масовни молитви, ги одложи спортските натпревари и ги прекина летовите за да го спречи ширењето на вирусот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.