Турција ќе ги зголеми каматните стапки

Се очекува турската Централна банка утре да ги зголеми каматните стапки, како уште една мерка за запирање на монетарната криза што ја зафати земјата.
Лирата загуби 40 проценти од вредноста во однос доларот од почетокот на годината, а инфлацијата во август достигна највисоко ниво во изминатите 15 години.
Поради тоа банката најави дека ќе преземе акција за да ги сузбие „значителните ризици за ценовната стабилност“ во пресрет на утрешната средба.


Поради кризата, економскиот раст на Турција забави на 5,2 проценти од БДП во вториот квартал на годината.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сепак, повеќе пати бараше од банката да ги држи каматните стапки ниски, велејќи дека „каматитт се извор на секое зло“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.