Тутунарите бараат повисока откупна цена за тутунот од 420 денари

Да се интензивира откупот на тутунот и со анекс во договорите да се зголеми откупната цена и просечно да изнесува околу 420 денари, побара Сојузот на тутунските здруженија на средбата со откупувачите во земјава.

Според Кире Ристески, претседател на Сојузот, откупот од утре ќе се интензивира, но откупувачите молчат на барањето за зголемување на цената.

– Од утре веќе 50 отсто од откупните пунктови во земјава ќе бидат отворени и ќе се интензивира откупот на тутунот. Засега, не се знае само кога Прилепскиот тутунски комбинат ќе го почне откупот. На средбата, на откупувачите им го поставивме барањето за зголемување на цената во просек да изнесува 420 денари, но откупувачите мудро молчат и не се изјаснуваат. Ние не се откажуваме од барањето со анекс на договорите да се зголеми цената, но како што стојат работите, тоа ќе ја отежни откупната кампања – изјави Ристески.

Од 18 ноември досега се откупени околу 20 тони тутун по просечна цена од околу 370 денари за килограм.

Пронајдете не на следниве мрежи: