Уапсен дилер на дрога баран по потерница, требало да одлежи 3 години затвор

Во полициски службеници од СВР Куманово го уаписле 30-годишниот Љ.Р од Куманово.

Полицијата го барала по потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

„Љ.Р. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, се вели во билтенот на МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: