Во Велика Британија, 32-годишен маж е уапсен во врска со неколку случаи на пуштање живи глодари во рестораните на „Мекдоналдс“ во Бирмингем, Англија.
Полицијата соопшти дека следи распит на втор човек, идентификуван како Билал Хусеин (30), во врска со инцидентите, коишто се чини дека се протести поврзани со конфликтот во Газа. На видео коешто се шири на интернет, може да се видат гости во ресторан како панично скокаат додека околу нив трчаат глувци обоени во боите на палестинското знаме.
Пропалестинските активисти, наводно, повикале на протести против „Мекдоналдс“, откако нивен ресторан во Израел дарувал храна за израелски војници и безбедносниот персонал, preneuva „Телеграф”.
Полицијата соопшти дека инцидентите се третираат како прекршоци на јавниот ред.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.