Претседателот на регионалната СЕХА лига и на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), Санди Шола, во ноќта помеѓу средата и четвртокот, бил уапсен на граничниот премин Бајаково на влез во Хрватска.Шола, во средата бил во Скопје, каде викендов ќе се одржи завршниот турнир во СЕХА конкуренцијата, кога разбрал дека одделението на хрватската полиција за борба против организираниот криминал (УСКОК) го бара.Инаку хрватската полицијата очекувала дека Шола во Загреб ќе пристигне со авион по завршувањето на завршниот турнир во Скопје, но како што информира неговиот адвокат Анте Мадуниќ, неговиот клиент во Хрватска се вратил со автомобил за да избегне средба со медиумите на аеродромот во Загреб.Во четвртокот околу 9 часот Шола бил изведен пред истражен судија, а според адвокатот тој се изјаснил дека не се чувствува за виновен во случајот поврзан со Карловачка банка, чиј претседателот на Управниот одбор до неодамна бил Шола.Поради сомневања за извлекување на пари од Карловачка банка, полицијата поднела кривични пријави против осум лица, меѓу кои се членови на УО и акционери во банката, но и против компании кои учествувале во наводни нелегални активности, објави УСКОК на својата интернет страница.Жупанискиот суд, попладнево во 13 часот ќе донесе одлука дали уапсените ќе бидат притворени.
Макфакс Претседателот на регионалната СЕХА лига и на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), Санди Шола, во ноќта помеѓу