Полицијата во Естонија уапси универзитетски професор со руско потекло под сомнение дека шпионирал за Москва.
Службата за внатрешна безбедност на Естонија (ISS) објави дека покренала истрага против Вјачеслав Морозов, руски државјанин и професор по меѓународна политика на престижниот универзитет во Тарту, бидејќи наводно бил вклучен во разузнавачки активности чија цел била поткопување на националната безбедност на земјата.
- ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа СоврановскиТелото на мртвата 25-годишна девојка е пронајдено во шума во близина на местото каде што… Read more: ТЕЛОТО ПРОНАЈДЕНО ВО БЛИЗИНА НА НЕЈЗИНИОТ ДОМ: Уапсен 45-годишнен маж за убиството на Наташа Соврановски
- Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училиштаГрадоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, денеска во својот кабинет се… Read more: Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта
- На 1 октомври нема летови од аеродромот во БриселНа 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението… Read more: На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел
- Србија/Анкета: Граѓаните со најголема доверба во претседателот, најмала во КатастаротСпоред најновото истражување на агенцијата Фактор плус, граѓаните најмногу и веруваат на институцијата претседател на… Read more: Србија/Анкета: Граѓаните со најголема доверба во претседателот, најмала во Катастарот
Деталите за неговите наводни разузнавачки активности не беа објавени „бидејќи се преземаат процедурални чекори за проверка на наводите“.
Во заедничката изјава на ИСС и обвинителите, се наведува дека ова е еден од над 20-те случаи и дека ја претставува „желбата на руските разузнавачки служби да се инфилтрираат во различни области од естонскиот живот, вклучително и научниот“.
Универзитетот во Тарту е најголемиот и најстариот во Естонија, основан во 1632 година.
Естонските медиуми објавија дека Морозов таму работел како професор по студии за односите меѓу Европската унија и Русија од 2016 до 2023 година, а до 1 јануари 2023 година предавал меѓународна политичка теорија.
Според информациите од неговиот Фејсбук профил, Морозов е поранешен вонреден професор на Државниот универзитет во Санкт Петербург, една од најреномираните академски институции во Русија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.