Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Скопје затоа што во станицата физички нападнал полициски службеници при извршување службени дејствија, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.