Убави стапала со 2 третмани неделно

Одвај чекате да го облечете омилениот пар на сандали, но знаете дека ќе ви биде непријатно кога ќе го направите тоа бидејќи стапалата ви се лоша состојба.
Следниот третман повторно ќе ги врати вашите нозе во одлична форма, па нема да имате проблем со грубата кожа.
Ќе ви бидат потребни:
4 л жешка вода
30 гр сода бикарбона
Масло од лаванда
Камен за пети
Хидратантна крема или кокосово масло
Ставете ја сода бикарбоната во водата и на тоа додадете неколку капки масло од лаванда. Ставете ги стапалата во водата и оставете ги од 15 до 20 минути да киснат во неа. Потоа со каменот полека отстранете ја сета груба и сува кожа.
На крајот нанесете ја кремата или кокосовото масло и облечете чорапи. Најдобро е да го направите ова непосредно пред да си легнете со цел стапалата што подолго да останат во чорапите.
Доволни е да го практикувате овој третман два пати во неделата, а кога ќе ја доведете кожата во топ форма правете го третманот два пати месечно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.