Убиени татко и неговиот 9-годишен син

Синоќа во 22:40 часот македонската јавност ја потресе убиство во кое животот во автомобил во Слупчане го загубија две лица.
ТВ“Телма“ дознава дека станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атарот на Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка “Опел Астра“. Во нив било пукано, а засега не се знае сторителот, ниту пак мотивот за крвавото убиство.
Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина, а повеќе детали се најавени за во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.