Бомбаш самоубиец уби во четвртокот наутро четворица полицајци на контролен пункт во руската република Дагестан во Северен Кавказ, а во потера по организаторите на нападот ликвидирани се четворица припадници на терористичка група, јави РИА Новости повикувајќи се на портпаролот на министерството за внатрешни работи.„Откриена се четири тела на членови на нелегална вооружена група. Според прелиминарните извештаи, станува збор за организаторите и извршителите на денешниот напад. Специјалната операција продолжува….“, изјавил соговорникот на агенцијата.Руската полиција соопшти дека во тек е пребарување на околината каде била извршена полициската операција и дека се пронајдени оружје и муниција.Експлозијата се случи околу пет часот наутро по локално време на контролниот пункт на влезот од градот Хасавјурт кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во возилото што го управувал. Притоа, на местото на експлозијата чијашто моќност се проценува на 100 до 200 килограми ТНТ, загинаа тројца полицајци и напаѓачот, а еден полицаец беше воден како исчезнат. Подоцна тој беше пронајден мртов.Во нападот биле повредени уште шест полицајци кои се хоспитализирани. Експлозијата направила „кратер со пречник од четири метри и длабочина од 1,5 метар“, соопшти истрагата.Според претставникот на дагестанското републичко министерство за внатрешни работи, за нападот бил искористен автомобил „ВАЗ-2109“, кој припаѓал на таксист.„Напаѓачите го украле овој автомобил, заканувајќи му се на мажот. Тој даде исказ…“, изјавил претставник на министерството. Според дагестанската полиција во текот на денот се прават проверки дали постои уште една експлозивна направа во околината.Објавено е, исто така, дека напаѓачите, всушност имале намера да извршат терористички акт насочен кон цивилни цели.Во Дагестан, како и соседните Ингушетија, Чеченија, руски републики на северен Кавказ почнувајќи до 2009 година зачестија судирите меѓу исламистичките бунтовници кои прогласија Емират Северен Кавказ и безбедносните сили, па речиси се секојдневни се нападите врз припадниците на безбедносните сили, но и врз муслиманите кои го отфрлаат радикализмот и насилството, како и операции на специјалните единиците на руската полиција кои ги ловат бунтовничките групи во планините.Интензивирањето на терористичките акции на исламистите има цел, покрај создавањето исламска држава на територијата на Кавказ, да го дестабилизираат регионот кој граничи со областа каде што се наоѓа Сочи во кој во 2014 година ќе се одржат Зимските олимписки игри кои ќе бидат најскапите во историјата на овие манифестации.Руската полиција доби наредба да го задуши насилството на бунтовниците на Северен Кавказ пред олимпијадата, а претседателот Владимир Путин неодамна порача дека „на најостар начин мора да се прекинат активностите на екстремистичките организации“, како и дека ниедна екстремистичка организација не смее да остане неказнета.
Макфакс Бомбаш самоубиец уби во четвртокот наутро четворица полицајци на контролен пункт во руската република Даге