Шестмина американски државјани, меѓу кои и една млада жена дипломат, убиени се во неделата во одвоени напади на југот и истокот на Авганистан, што е најголем број на жртви меѓу Американците во оваа држава во изминатите осум месеци.Во овие напади биле повредени уште неколку Американци.Во експлозија на автомобил бомба во јужната провинцијата Забул убиени се тројца војници и двајца цивили, додека четири лица се повредени, соопштија Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ).Во одвоен напад на бунтовниците во источниот дел на државата, загина уште еден Американец, соопштија американските сили во Авганистан без да наведат повеќе детали.Американскиот државен секретар Џон Кери потврди дека меѓу загинатите во провинцијата Забул е и млада жена дипломат, која била во негова придружба за време на неодамнешната посета на Кабул.Вашингтон пост извести дека е убиена Ана Смединхоф (25) од американската амбасада во Кабул која беше поддршка и помош за време на посетата на Кери на Авганистан.Нападот уследи неколку часа по доаѓањето на генералот Мартин Демпси командант на Здружениот штаб во Авганистан.
МакфаксШестмина американски државјани, меѓу кои и една млада жена дипломат, убиени се во неделата во одвоени напади на југот