Дензел Силос (26), попознат како Бигидаго, беше убиен во неделата наутро во близина на станицата Слотердајк во Амстердам.Брзата помош го пронашла тешко повредениот музичар и итно го пренела во болница каде им подлегнал на повредите.
Полицијата истражува што се случило и мотивите зад ова грозоморно злосторство.
Според податоците на холандскиот сајт, Парол Силос присуствувал на забавата „Една ноќ во Амстердам“ во Центарот за настани на Рона.
Тој бил застрелан во горниот дел од телото кога излегувал од забавата, а во 5 часот и 25 минути полицијата добила пријава за пукање.
– Се обидов да направам нешто за него, но неговото срце веќе беше многу слабо – рекол човекот кој бил на местото на настанот и додал:
– На забавата ништо не се случи, но атмосферата надвор беше многу напната. Сите веднаш знаеја дека Бигидаго е тој што бил застрелан.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.