УБИЛЕ АЈКУЛА КОЈА БИЛА ЗАКАНА ЗА ТУРИСТИТЕ А ПОТОА СЛЕДЕЛ ШОК! Се изненадиле што и пронашле во СТОМАКОТ!

Британец кој бил на одмор со сопругата исчезнал додека пливал. Неговото исчезнување го решила ајкула која пливала во близина на плажата.

СО ПУЛС24 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА АЈКУЛИТЕ

Британскиот турист кој исчезна на островот Реунион среде Индискиот Океан, источно од Мадагаскар, најверојатно бил изеден од ајкула. Имено, Британецот бил на одмор со сопругата, а тој ден отишол на пливање. Бидејќи долго време го немало, сопругата веднаш алармирала полиција. По него била започната опсежна потрага, но не бил пронајден.

Што се случува на Чаир? Шкупи не тренира – дали се распаѓа?
Колку само е суров фудбалот доколку работите не се „тераат“ како што треба, и колку знае истиот да врати „мило за драго“. Пред само неколку сезони Шкупи беше нашиот топ клуб, играше …
Драма во Америка! Патнички авион погоден со куршум пред полетување! (ФОТО/ВИДЕО)
Авион на Southwest Airlines бил погоден со куршум додека се подготвувал да полета од Dallas Love Field во петокот вечерта.Полициската управа во Далас потврди за Fox News Digital дека полицајците пристигнале на местото на …

Целото подрачје го пребаруваа нуркачи, а брегот кучиња трагачи. Но, немаше трага од човекот додека локалните жители не убиле ајкула која пливала во близина на плажата и им се заканувала на туристите.

На ајкулата била извршена обдукција, а во стомакот била пронајдена човечка рака со венчален прстен што му припаѓала на исчезнатиот Британец.

Неговата сопруга изјавила на полицијата дека тој е многу добар пливач и дека не го видела како излегува од океанот.

Но, полицијата не ја исклучува можноста мажот да се удавил, а неговото тело да привлечело опасна риба. Станува збор за тигарската ајкула, која е најчестиот вид ајкула што ги напаѓа луѓето.

Нападите од ајкула не се непознати за островот Реунион.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.