Удрил во велосипедист и избегал

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, Г.Б.(64) од с.Василево, струмичко, управувајќи патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од З.П.(40) од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото.

По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василево и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.