Удрил во полициски службеник на мотор па избегал од местото на незгодата

На 05.07.2024 во 10.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј., кој го напуштил местото на незгодата.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: