Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

Денеска се празнуваат Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт
Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму …
Да не беше Америка, Украина немаше да постои, вели новиот прв човек на НАТО, Марк Руте
Украина не би постоела како земја без поддршката на САД, изјави новиот генерален секретар на НАТО и поранешен долгогодишен холандски премиер, Марк Руте. На прес-конференцијата во Брисел тој потсети дека САД …

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.