Украден калашников од полициската станица во – Скопје!

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни недастасува автоматско оружје, при што е направена и внатрешна контрола при МВР. Се уште нема информации каде е украдениот калаш но од страна на Единицата за Внатрешни работи Карпош е направен план за пронаоѓање на огненото оружје.

„При извршена контрола на 08.07.2024г. констатирано е дека во периодот од 19.06.2024г. до 08.07.2024г. во ЕВР Карпош недостасува автоматското оружје и за истото известена е внатрешна контрола при МВР, а од страна на ЕВР Карпош изготвен е План за преземање на сите неопходни оперативно-тактички мерки за нејзино пронаоѓање“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: