Украина: Орбан не го почитува нашиот народ, политички е кратковид

– Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата изјава дека војната во Украина ќе заврши ако престане да се испраќа оружје во земјата.

Изјавите на Орбан „покажуваат патолошко непочитување кон Украина и украинскиот народ кој се бори против руската агресија“, соопшти Министерството во Киев на својата веб-страница, обвинувајќи го унгарскиот лидер за „политичка кратковидост“.

– Орбан со тоа работеше на поразот на Украина, без оглед на фактот дека тоа ќе ја зголеми опасноста од руска агресија кон Унгарија. Унгарскиот лидер треба да се запраша дали сака мир, соопшти украинското МНР.

Орбан претходно во интервју рече дека „Украина може да продолжи да се бори сè додека САД ја поддржуваат со пари и оружје“.

– Ако Американците сакаат мир, ќе има мир, рече унгарскиот премиер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.