Украина повторно удри силно на Белгород! Извршен нов напад, соопшти гувернерот!

Во украинскиот напад на Белгород, еден човек загина, а уште пет лица се повредени, изјави гувернерот на тој руски град Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

  • Според првичните податоци, едно лице загина – маж возел автомобил кога до него експлодирала граната. Починал на лице место од шрапнели – напишал гувернерот изразувајќи сочувство до семејството и пријателите на починатиот, пренесе РИА Новости.
ЗАЈАКНУВА БОРБЕНАТА ГРУПА НА НАТО ВО РОМАНИЈА: Пристигнаа маринци и возила, се смета дека тоа е поради руската инвазија на Украина
Како засилување на борбената група на НАТО во Романија, Шпанија испрати нешто повеќе од 200 маринци и 40 воени возила како четврта земја што се приклучи на …
Нападнат е Израел, бомби летаат над Тел Авив! Мета се Ашдод, Хаифа и други градови! Ракети целат воени бази, луѓето бегаат! (ФОТО/ВИДЕО)
Либанскиот Хезболах денеска соопшти дека извршил напад со беспилотни летала и ракети врз воените бази во Тел Авив и на југот на Израел, објави Франс прес.Опишувајќи ја како сложена …

Покрај тоа, четири лица се повредени во близина на пазарот, додаде Гладков.

Две лица, маж и жена, се здобиле со рани од шрапнели и се хоспитализирани.

Уште двајца мажи се хоспитализирани, рече тој, а една жена, која била погодена од шрапнел во раката додека била во автобусот, е префрлена во Ургентниот центар.

Според руското Министерство за одбрана, Белгород денеска бил два пати нападнат.
Околу 13 часот, украинските сили се обиделе да нападнат цели на руска територија, при што извршиле напад од повеќецевниот ракетен систем Вилха, а дежурните системи за противвоздушна одбрана уништиле пет проектили над регионот Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.

Првиот напад се случи околу пладне, кога системите за противвоздушна одбрана соборија четири проектили истрелани од Алдер, при што беше повредено едно лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.