САД: Украински војници ќе се обучуваат во Оклахома за ракување со „Патриот“

САД ќе обучуваат украински воен персонал во воената база во сојузната држава Оклахома, во јужниот дел на земјата, како да се одржуваат и ракуваат со системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопштги Пентагон.

На крајот на минатата година, САД објавија дека ќе испорачаат такви системи на Украина, што Киев го бара долго време.

Обуката на украинската војска ќе започне следната недела во базата Форт Сил во Оклахома, изјави портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер. Ќе се обучуваат меѓу 90 и 100 украински воени лица, а обуката ќе трае неколку месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи: