Покрај беспилотните летала насочени кон Москва, руските сили утринава соборија уште девет беспилотни летала.
Руските сили за воздушна одбрана соборија два беспилотни летала кои се упатија кон Москва.
-Околу четири часот по полноќ руското воено воздухопловство собори два воени беспилотни летала кои беа на пат кон Москва. Едниот беше соборен во регионот Калуга, а другиот над федералниот автопат – напиша денеска на Телеграм градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.
Advertisement
Руското Министерство за одбрана објави дека се спречени обидите на Украина да изврши „терористички напади со беспилотни летала“ .
Покрај беспилотните летала насочени кон Москва, руските сили утринава соборија уште девет беспилотни летала.
– Над териториите на Калушка и Московскиот регион, како и на градот Севастопол, спречени се обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала – се наведува во соопштението на руското Министерство на Телеграм.
Се додава дека во спречените напади нема жртви или материјална штета.
Пронајдете не на следниве мрежи: