НЕОЧЕКУВАНО! Украинците соборија три руски бомбардери!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и воени претставници изјавија дека силите на Киев вчера собориле три руски борбени авиони Су-34.

Руската војска не го коментираше инцидентот, но руските блогери ја потврдија загубата на авионите, додека аналитичарите велат дека најверојатно биле користени американски противвоздушни системи Патриот. Овие извештаи не се независно потврдени.

(Видео) Бајден во прошталниот говор пред ОН:„Некои работи се поважни од останувањето на власт“
Претседателот на САД, Џо Бајден, го одржа својот последен говор пред Генералното собрание на Обединетите Нации како претседател на САД. Во своето обраќање, тој рече дека многу луѓе ги гледаат проблемите и реагираат …
Пред шест години беше најголем криминалец и „сдсмовец“, сега ВМРО-ДПМНЕ го направија диркетор
Им нема крај на „конзистентните“ политики на ВМРО-ДПМНЕ, особено на кадровските политики на оваа Влада. Денеска, на седница на Владата за директор на ПИОМ беше поставен Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ и поранешен …

„Денеска напладне во јужниот сектор – уништени се три руски борбени авиони Су-34“, напиша командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук на комуникациската платформа „Телеграм“.

Во вечерната видео порака Зеленски ја пофали противвоздушната единица во областа Одеса за соборувањето на авионот во регионот Керсон.

Областа беше нападната во раните денови на инвазијата на Москва во февруари 2022 година. Украинските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз изгубената територија и во ноември воспоставија позиции на источниот брег на реката Днепар во Херсон.

Еуразија Дејли, руска новинска агенција, објави дека тврдењата на Украина се веродостојни. Киев може да лансира ракети Патриот, кои имаат дострел до 160 километри против цели на голема височина, од западната страна на реката Днепар.

Инаку, украинската контраофанзива започната на истокот и југот на земјата во јуни не постигна голем напредок. Зеленски признава дека враќањето на териториите било побавно од очекуваното, но ги отфрли тврдењата на воениот командант, генерал Валериј Залужни, дека војната влегла во фаза која бара промена на тактиката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.