Како одговор на протерувањето на унгарскиот конзул од Украина таа ќе го протера украинскиот конзул , изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Украинското Министерство за надворешни работи претходно го прогласи унгарскиот конзул во градот Берегово за „персона нон грата“ и му даде рок од 72 часа да ја напушти земјата.
– Се надеваме дека унгарската страна во иднина ќе се воздржи од непријателски чекори кон Украина и нејзините официјални претставници нема да ги кршат украинските закони, се наведува во соопштението на Министерството.
Украина е незадоволна бидејќи Унгарија издава свои пасоши на припадници на унгарската заедница во оваа земја.