За Државниот секретар за меѓународна комуникација на кабинетот на Виктор Орбан, Золтан Ковач Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара Унгарија да го екстрадира поранешниот премиер на Р. Македонија, Никола Груевски, нема никаква важност. Во интервју за телевизијата, „Ехо“, Ковач изјави дека Европскиот парламент не треба да се меша во правните работи на земјите.
-Постапката за политички азил на Груевски не е политичка, туку правна работа. Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата на Груевски и она што го прави е дека го пика носот таму каде што не му е местото. Верувам дека мнозинството пратеници гласаа за резолуцијата, иако тие немаат никаква врска со случајот Груевски. Најголемиот грев на Груевски е што изгради ограда и застана во одбрана на Европа од тероризмот и миграцијата, рече Ковач