Урош Блажиќ (21) кој направи крвав масакр во селата кај Младеновац, кога уби осум лица, а рани 15, откри кој бил неговиот мотив за ова монструозно злосторство.
Како што дознава „Блиц“, тој се обидел да го оправда масакрот што го направил тврдејќи дека трпел насилство во основно училиште, како и дека селаните „го исмевале и заговарале против него“.
Како што дознава порталот, Урош раскажал детали од својот живот и со тоа открил потенцијален „мотив“ за ова невидено злосторство.
Блажиќ, според неофицијални информации, почнал да пука во 2021 година, кога на таванот од куќата нашол калашников и пиштол.
Повремено одел на стрелиште, каде пукал под надзор на вработени. Сепак, тоа не беше се – Блажиќ вежбаше гаѓање во подрумот од својата куќа.
Како што рече, со пиштол пукал во вреќа со песок во подрумот од куќата. Неговиот татко Радиша Блажиќ е потполковник во војската на Србија, а завчера беше уапсен.
При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша, пронајдени се неколку стотици куршуми различен калибар, оружје наполнето со муниција, еден пиштол и еден револвер. Тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање експлозивни материи во промет.
Тој не бил во блиски односи со убиениот, што го потврдиле и селаните, кои рекле дека го познаваат само од видување. Мештаните шокирани од трагедијата се обиделе да разберат зошто Блажиќ ги нападнал соседите со оглед на тоа што не бил близок со никого.
Од друга страна, тој во сведочењето тврди дека мештаните го исмејувале.
-Чувствував потсмев, потсмев и потсмев. Мештаните правеа заговор против мене, изјави Блажиќ.
Тој раскажа и како селаните наводно зборувале лоши работи за неговиот татко, вклучително и дека тој е „криминалец“. Тој се осврна на своето растење и периодот од основното училиште.
Како што рекол, децата го исмејувале бидејќи бил со потемен тен и не сакале да се дружат со него.
-Од мали нозе гледам неправда и тага, неправдата на општеството се одразува на мене. Немам идоли, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол, изјави Блажиќ.
За време на неговото сведочење, во кое се обиде да го оправда монструозното злосторство, спомена и како се дружел со јавни личности. Тој раскажа како бил близок со некои учесници во реалното шоу – Никола Ѓорѓевиќ, Филип Цар, како и со старлетата Дениз Дејм, па дури и го навел тоа како причина за љубомората за која тврди дека другите ја чувствуваат кон него.
Блажиќ бил на распит во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, а му е одредена мерка притвор до 30 дена. Во таа прилика раскажа како сакал да го „плаши селото“.
-Призна дека го извршил масакрот наведувајќи дека употребил автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац за да пука во неколку лица кои биле во групата, а кои не ги познавал за да го исплаши населението од споменатите населени места, изјави претходно изворот на „Блиц“.
Да потсетиме, вечерта на 4 мај, само еден ден по големата трагедија и масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“, Урош Блажиќ започна крвав чин. Прво отишол во селото Мало Орашје, каде убил пет лица, а потоа со автомобил се упатил кон селото Дубона, каде убил уште тројца.
На патот меѓу овие две села, тој ранил и мажи кои ја поправале оградата и кои случајно му се нашле на пат.
По завршувањето на масакрот се упатил кон селото Шепшин, на неколку километри северозападно од Дубона, каде му се губи секаква трага. По претрес кој траел цела ноќ, тој бил уапсен следниот ден околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац.
Таму стигнал со такси, а се сомневаат дека го киднапирал возачот и со закани го принудил да вози.